Извршена комплетна реконструкција на покривот во ООУ„Свети Наум Охридски“ во селото Пештани. Во тек е и промена на дограмата во сите училишни простории.

Старите азбестни табли се заменети со современ лимен покривач и се поставуваат нови ПВЦ прозорци, со што значително се подобрени условите за настава. Средствата за реализирање на овие реконструктивни зафати, Општина Охрид ги обезбеди преку Министерството за образование и наука, по претходно објавен повик за аплицирање, велат од општина Охрид.

Вредноста на вкупната инвестиција во ова училиште изнесува околу 3 милиони денари.

OhridNews