Охридските бели ја продолжија низата од шест меча без пораз, а многу блиску беа до петтата победа во првенството, откако против Ренова ремизираа 2-2, а имаа предност од 2-0 на полувремето. Сепак главната причина за ваквиот исход на мечот стратегот на охриѓани Драган Антиќ ја гледа во судиската “кражба“ и режијата која му се подметнува на охридскиот лигаш.
– Сите видоа дека Охрид почна да прави резултати, па сега некој со сите сили сака да не стопира во тоа. Судењето на мечот со Ренова е вистинско огледало на македонскиот фудбал. Ова е судиска кражба на мафијаши во црно кои доаѓаат овде го ’крадат’ нашиот труд и пот работен низ деновите претходно. Доаѓаат и за само 90 минути го ’крадат’ целиот труд. Навистина е скандалозно како се работи овде во фудбалот. Срамота кој ги испратил овие судии. Јас сум суспендиран со два натпревари казна поради тоа што сум искажал револт кон моите фудбалери. Тоа е единствен случај во светот да се добие таква казна, а да немам право на жалба. Добивам казна во петок во 15 часот, а таа важи од понеделникот, и сето тоа само за да не ја водам екипата против Ренова. Тоа е срамно што се работи во македонскиот фудбал – вели стратегот на охриѓани, Антиќ.
Антиќ според одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ, ќе мора и мечот против Тетекс да го проследи од трибините.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com