Комуналниот отпад од контејнерите лоцирани во населба Воска кај вливот на р.Грашница тековно се подигнува, но за жал  секојдневно се повторува сликата со пренатрупан или расфрлан  отпад, велат од ЈП „Охридски Комуналец“ по реакциите на граѓани за грдата слика околу поставените контејнери во овој дел од градот, за што вчера пишуваше OhridNews.

За справување и надминување на проблемите со депонирање на отпадот од населбата „Канео” и тешко пристапниот терен, Ј.П.„Охридски Kомуналец” направи специјален ограден простор со контејнери наменети за депонирање на отпадот од рестораните од оваа населба. Согласно пропишаниот комунален ред и динамика, комуналниот отпад тековно се подигнува, но несовесните граѓани го деградираат околниот простор и сите наши заложби за чист град, велат во реакцијата.

Додаваат дека и денеска дежурните екипи се на терен на многу локации во градот за справување со грдите слики кои се наше секојдневие: расфрлан кабаст отпад. градежен шут и зелен отпад.

OhridNews