Ј.П.„Охридски Комуналец„ изврши миење и дезинфекција на сите контејнери лоцирани на левата и десната страна од Булеварот „Туристичка„.

На акцијата и претходеше детално расчистување на џебовите каде се сместени контејнерите.


– Акцијата се одвиваше координирано, при што секој контејнер поединечно се празнеше, миеше, за на крај да се дезинфицира со прскање со специјално дезинфекциско средство, информираат од јавното претпријатие.


Како што потенцираат оттаму, целта на оваа акција е со превентивни мерки  да се подобри одржувањето на услужната хигиена во летниот период.

OhridNews