Комуналец ги уредува школските дворови и речните корита во општината
27.10.10 14:00
Ј.П.”Охридски Комуналец” деновиве започна со хортикултурно уредување на дворот на О.У.”Св.Климент Охридски”. Се сечат сувите гранки и дрва, а ќе се оформат и нови зелени содржини со засадување на нови дрвца и други видови садници.
На иницијатива на Ј.П.”Охридски Комуналец” оваа година хортикултурно ќе се уреди и дворот на градинката “Росица” во населба Лескајца. Оваа тенденција на средување на училишните дворови и дворовите на градинките ќе продолжи и во иднина со цел истите да станат чиста, здрава и хортикултурно уредена средина за учење во која ќе се достигнат сите еко-стандарди.-велат од „Комуналец“.
Се разубавува дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“
Деновиве се при крај активностите кои Ј.П.”Охридски Комуналец” ги изведуваше за расчистување на речното корито на река Сушица. Речното корито се расчистуваше на критичните точки од натрупаниот отпад, шут и земја. Најкритична точка беше локацијата во близина на мостот кај фабриката “Езерка”, каде од натрупаната земја речното корито немаше никава проодност. Во расчистувањето на речното корито вклучена е механизацијата на Р.Е.”Механизација” , како и возило на Противпожарната едница.
Само еден ден по дадените ветувања на македонската делегација пред претставниците на УНЕСКО во Париз дека Охридскиот регион ќе биде заштитен од понатамошна девастација, денес во Охрид, почнаа интер...
Биохемиската лабараторија при Општата болница Охрид доби нова опрема Со истата како што посочуваат од Болницата ќе се подобри квалитетот на услугите Новиот интегриран апарат за биохемиски и имуноло...
Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“ на 11 издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Република Турција како призн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.