Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, на барање на Локалната самоуправа го исчисти пристаништето во Свети Наум.
-Чистењето на пристаништата е должност на Министерството за транспорт и врски и Капетанијата, која наплаќа такси за регистрација на пловилата, но тие ова лето не презедоа никакви активности. Иако ненадлежна, во интерес на развојот на туризмот, пристаништето го исчисти Локалната самоуправа со ангажирање на вработени и механизација од ЈП „Охридски комуналец“, информираат од општина Охрид.