Ј.П.”Охридски Комуналец” апелира до граѓаните на Охрид, кои се сопственици на домашни миленици и кои редовно ги шетаат по параковите и шеталиштето покрај кејот, да ја одржуваат  хигиената на овие јавни површини .



-Според членот 14.од Законот за Јавна чистота заради обезбедување на јавната чистота на јавните површини е забрането оставање на фекални остатоци од домашни миленици. Исто така сопствениците треба да водат сметка милениците да не ги оштетуваат корпите за отпадоци, кои се поставени низ градот и да не ги пуштаат да ги газат и оштетуваат садниците со цвеќиња.-апелираат од ЈП.”Охридски Комуналец” .

Тие нагласувата дека овој апел е  за доброто на сите граѓани односно за константно одржувањена хигената и уреденоста на градот.

OhridNews