
Се известуваат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат од домовите најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Од јавното претпријатие информираат дека ова е последна акција за подигнување кабаст отпад есенва, а од ноември ќе започнат планираните акции за подигање зелен отпад.












