Со паѓањето на првиот снег дежурните екипи на Комуналец излегоа на терен уште синоќа. Сите градски сообраќајници се проодни и интеревенирано е на сите критични места во градот, информираат од јавното претпријатие.
-Согласно програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид се делуваше по приоритет на улици и реони со специјалните возила кои претходно беа ставени во состојба на приправност. Коловозите се посипуваа со мешавина од сол и ризла за непречено одвивање на сообраќајот. Интервенирано е со девет метри кубни абразивни средства по улиците од Стар Град, населба „Гоце Делчев“-„Бараки“ и сообраќајниците од градот.-истакнаа од Комуналец.
Во текот на денот со специјалните возила растурени се 7 м3 абразивни средства по главните сообраќајници во градот. Екипите на Јавна хигиена излегоа на терен од 5.00 часот и рачно го расчистуваа снегот од градската чаршија, тротоарите и патеките во стариот дел од градот. Посебен акцент се стави на локациите каде според свечената програма ќе се празнува заштитникот на градот Охрид-Св.Климент Охридски, градскиот плоштад, просторот околу О.У.Св.Климент Охридски и патеката до Плаошник, соопшти Комуналец.
OhridNews