Голем дел од граѓаните и правните субјекти не ја почитуваат динамиката на подигање на отпад и несовесно го депонираат отпадот по јавните површини, се жалат од ЈП Охридски Комуналец. Од таму објаснуваат дека ваква појава во неколку наврати регистрирана на улицата ,,Јане Сандански” во непосредна близина на градскиот кеј.

– Еден од правните субјекти, лоциран во овој реон го депонира отпадот во најлон кеси, картонски кутии на самиот тротоар кој води до кејот, при што тротоарот е непрооден, а истото предизвикува револт кај соседите и останатите граѓани, стои во јавното соопштение на ЈП Охридски Комуналец

Во него се напоменува дека за овој реон, според динамиката и програмата за работа на претпријатието, денови за подигање отпад се понеделник и четврток и дека тоа треба да се почитува и од страна на физичките и правните лица.

OhridNews