Во врска со вчераобјавената вест за мини-депонија која никна на ул.”Даме Груев”, од ЈП „Охридски Комуналец“ појаснуваат дека комуналниот отпад од овој реон се подигнува во вторник и петок, но заради туристичката сезона се подигнува секојдневно.


Оттаму додаваат дека претпријатието се соочува со проблеми при подигањето на отпадот, поради блокираните влезови кои водат до контејнерите од паркираните возила.

Но сепак, со вондреден ангажман на подигачите на отпад, контејнерите се испразнети околу 20 часот и сиот отпад е депониран, велат од Комуналец.

OhridNews