Ј.П.”Охридски Комуналец” во Новата 2012 год. ќе стартува со нови календари кои коминтентите ќе ги добијат со плаќање на сметка во наплатниот центар, лоциран во зградата на градскиот пазар.

-За разлика од други години, за календарската 2012 изготвивме функционален и едукативен календар со цел на транспаретен начин нашите коминтенти да бидат запознаени со динамиката на нашите активности и акции, информираат од јавното претпријатие.

Во календарот се прецизирани акциите за кабаст и зелен отпад кои ќе се организираат на подрачјето на општина Охрид во 2012 год., распределени по реони. Исто така, со календарот коминтентите ќе имаат лесен увид за динамиката на подигнување комунален отпад, односно по која улица во кој ден се подигнува комуналниот отпад.

-Со почитување на динамиката на изнесување на комуналниот отпад во определените денови од страна на граѓаните, како и акциите за кабаст и зелен отпад, сметаме дека во голема мера ќе се подобри и нивото на хигиена во Охрид, велат од „Комуналец“.

OhridNews