Оттаму, објаснуваат дека предложеното покачување на услугите на претпријатието се должи на зголемувањето на цената на нафтата и електричната енергија.
– Цената на услугата за подигнување, транспорт и депонирање на комунален отпад по метар квадратен на територијата на Општина Охрид веќе неколку години е непроменета, а за тоа време во многу наврати е покачена цената на нафтата и електричната енергија. Само како показатели, во 2011 год. цената на нафтата се зголеми за 13,5%, а споредено со 2010 год. зголемувањето изнесува 27,7 %. Цената на електричната енергија во 2010 год. се зголеми за 5,6%, а во 2012 година за 7,82%, објаснуваат од ЈП Комуналец.
Од ова јавно претпријатие потенцираат дека и покрај покачувањата на цените на електричната енергија и нафтата, се превземале мерки за да не дојде до покачување на цените на услугите на претпријатието.
– Доставивме предлог-барање до здружението за даватели на комунални услуги да поведе иницијатива до Владата на РМ за намалаување на цената на нафтата која во својата дејност ја користат јавните комунални претпријатија, со намалување на акцизата и ДДВ како директни инпути во цената на нафтата . Истото барање не вроди со плод, вели директорот на ЈП Охридски комуналец, Сашо Алчев.
Доколку советниците го изгласаат предложеното изменување на цените на услугите на ЈП Комуналец , тие ќе се зголемат за 9%.