Екипи на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ деновиве интензивно ги чистат кејот и плажите во потесното градско подрачје од отпад. Со механизација се чистеше талогот пред х. „Милениум“, а од езерските води извадени беа и големи количини најразличен цврст отпад.


Големи количини отпад беа подигнати од езерото и пред х. „Палас“ и во другите делови од кејот. Комуналците ја светнаа и Градска плажа од каде исто така беше подигната поголема количина цврст отпад.


Комуналец предновогодишно го светна градот

Ohridnews