Со новите снежни врнежи екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ уште од синоќа е на терен и ангажирана е расположивата механизација, информираат од јавното претпријаие. Коловозите со специјална механизација се расчистени и посипани со абразивни средства. Делувано е во централното градско подрачје и селата според приоритет, како и познатите „црни точки„ со голема накосина каде постои опасност од излизгување на возилата, информираат од „Комуналец“.

-Јавните пешачки површини цела ноќ работниците ги расчистуваат рачно и се обезбедува проодна патека по која можат да се движат пешаците, како би се обезбедил безбеден пристап до јавните институции , образовните и здравствените установи и сообраќајниците. И во текот на денот активно ќе се расчистуваат јавните површини, притоа апелириме до граѓаните за трпеливост, расчистувањето се одвива според приоритет, ќе се пристапи кон расчистување и на споредните улици и сокачиња. – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Од јавното комунално претпријатие потсетуваат дека граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти имаат законска обврска согласно Законот за јавна чистота, активно да се вклучат и да ги расчистат приодите кон нивните објекти.

OhridNews