
Од јавното комунално претпријатие информираат дека во тек се преговори помеѓу ЕВН и локалната самоуправа за решавање на проблемот. Оттаму се обратиле до Основниот суд во Охрид со барање за вклучување на електричната енергија заради вршење на тековните обврски кои се од јавен интерес.
Деновиве „Комуналец“ подмирил дел од долгот за потрошена електрична енергија во висина од 300 илјади ден, колку што претријатието можело да исплати заради блокираната сметка и судскиот лимит. Точниот износ на долгот на „Комуналец“ кон ЕВН не се соопштува.












