
„Пред поднесување на барање за извршување до надлежниот извршител, на сите физички и правни лица им се доставуваат опомени. Доколку постапат по опомените, односно доколку во рокот наведен во истите го измират долгот ќе бидат изземени од извршување, во спротивно покрај главниот долг, каматата и парничните трошоци, ќе бидат изложени на дополнителни трошоци за спроведеното извршување“, предупредуваат од „Комуналец“.











