Согласно Програмата за работа за оперативната 2025 год., ЈП „Охридски Комуналец” во летниот период почнувајќи од месец јуни, собирањето, транспорт и депонирањето на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот.

Овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите кои се наметнати во летниот период. Секое непочитување на динамиката ќе биде пријавено до Комуналната инспекција и ќе биде соодветно санкционирано, информираат од претпријатието.

OhridNews