Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ деновиве започна со есенско уредување на парковите во градот. Во акцијата што се одвива викендов се средуваа паркот пред хотел “Милениум” и кај “Билјанини Извори”. Покрај тоа се коси тревата, се поткаструваат гранките и кројат дрвата, а се собираат и паднатите лисја, информираат од јавното комунално претпријатие.
Есенско чистење на парковите
И додека комуналците одговорно си ја вршат својата работа, несовесни граѓани ги уништуваат корпите за отпадоци и контејнерите. Последниот таков пример е забележан во близина на амбулантата во Воска и во населбата Далјан. Од Комуналец информираат дека ги враќаат контејнерите во првобитна состојба, но дека веднаш потоа неодговорните граѓани повторно ги превртуваат, поради што ѓубрето стои расфрлано околу нив. Затоа, ЈП „Охридски Комуналец“, апелира до надлежните органи да ги откријат и казнат неодговорните граѓани.
Има места на кои летото едноставно завршува А има и места каде што мора да биде испратено како што доликува Во Кампинг Љубаништа тоа одамна е традиција Музика, дружење, оган, факели и неизбежното н...
Вчера попладне во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Витара“ со скопски регистарски ...
Македонскиот туризам денес изгледа значително поинаку отколку на почетокот на независноста Домашните гости, кои доминираа во првите години, постепено го отстапија приматот на странските туристи, чи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.