Силното невреме проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветер и електрични празнења предизвика кршење на гранки од дрвја, наталожување на наноси од песок и отпад и излевање на колеми количини вода. Екипи на “Јавна Хигиена” и “Јавно зеленило” беа веднаш мобилизирани и се пристапи кон санирање на состојбата, информираат од јавното комунално претпријатие.













