Два курушуми вчера нешто по пладне завршија во возило и во прозорец на телевизија Алфа во момент кога пред зградата стоеле неколкумина вработени.
-Според првичните сознанија на крим-техниката куршумите се испукани кон телевизијата. Следејќи ја траекторијата, увидната екипа констатираше дека е стрелано кон објектот оти патот на проектилите е хоризонтален. Најверојатно куршумите се испукани во близина на телевизијата, а според претпоставките на полицајците кои вршеа увид можеби е пукано и од возило во движење.-објави телевизијата.
Полицијата работи на расчистување на случајот.