Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, ќе земе учество на трибини во врска со можностите што ги нудат Законот за легализација на трактори и Закон за легализација на објекти изградени на земјоделско земјиште во приватна и државна сопственост, што утре ќе се одржат во Охридско.

Како што најави Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, првата трибина ќе се одржи во 11 часот во салата на с. Долно Лакочереј, втората во 11 и 30 часот во салата на црквата св. Никола во с. Горно Лакочереј, а третата во 12 часот во просториите на општината во с. Мешеишта.

OhridNews