ОМУ „Методи Патче'

Од 13.11.2019 - 18:00 до 13.11.2019 - 19:30

Ансамблот „ИН МЕДИАС РEС“, денеска, 13ти ноември, со почеток во 18ч. ќе одржи концерт во музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид.

„ИН МЕДИАС РEС“ е ансамбл кој е основан во 2007 година во Скопје и го сочинуваат истакнати македонски музички уметници како Орце Ицковски (основач), Сања Шуплевска (основач), Емилија Маринова, Јанинка Невчева, Маја Кастратовиќ, Надежда Рубен, Зоран Данилов, Васил Гарванлиев и др.

Ансамблот во неколкуте свои форми брои настапи во земјава, како и во Калгари-Канада, Њујорк-САД. Тој е посветен на презентација на музика која не е честа на подиумските репертоари, со активна улога за афирмација на разновидноста која го продлабочува професионализмот, инспирацијата и наследството. Ваквото искуство ја интензивира врската со музиката и авторот, при што познавањето на различните карактеристики во артикулацијата дозволува публиката да ги почувствува – дури и за момент – потеклото, местата и менталниот склоп на времето од каде потекнуваат изведените музички дела.

Во истата насока е конципирана и програмата за претстојниотј концерт во Охрид, претставувајки дела посветени на современи и жени поврзани со музиката низ историјата. Синтезата на музички стилови на овој концерт обединува опсег на различни инструменти, аранжмани и сензибилитети. На програмата ке бидат изведени дела од сегашни и авторики низ историјата како и арии од мјузиклот на Уметничкиот Центар ПОЛИФОНИЈА – Фантомски Приказни.

OhridNews