Jazz Inn

Дина Јашари е дефинитивно најголемото освежување на новата македонска музичка сцена. Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена.

Минатата година, покрај бројните настапи, го издаде своето прво EP насловено „Дома“ кое ја зацврсти на мапата како една од најталентираните млади артистки на Балканот.

Во Охрид доаѓа по освојувањето на наградата „Милан Младеновиќ“ која ја доби за нејзината песна “Дома”.
Концертот ќе се одржи во клубот Џез Ин во петок (21 октомври 2022) со почеток од 22:00 часот, а организаторите ветуваат незаборавен концерт и сензуален амбиент како на видеото.

Сите потребни информации околу концертот може да ги добиете на бројот 078201491.

OhridNews