Куќа на Уранија

2019-07-15 20:30 - 2019-07-15 22:00

На 15 јули, во Куќата на Уранија во Охрид едночасовен концерт ќе одржи оперскиот пејач Влатко Груевски.

Програмата вклучува најпознати италијански канцони, меѓу кои и “‘O sole mio”, темата на најпознатата “Hijo de la Luna” и сл.

Концертот е дел од летната сезона на Влатко Груевски насловена “The Art of power” или во превод моќта на уметноста. Како уметнички соработник, воедно и пијанист, ќе настапи Андреј Наунов.

Почетокот на концертот е во 20.30 часот. Влез слободен.

OhridNews