Концерт на Стојан Димов и Дино Имери на „Охридско лето“
19.07.21 13:04
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе организира концерт за кларинет и пијано. Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапат македонските уметници, кларинетистот Стојан Димов и пијанистот Дино Имери.
Стојан Димов основно и средно образование завршува во Велес и во Скопје, а во периодот од 1975-1981 година студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Иван Кочаров) и на Универзитетот во Загреб (проф. Јосип Нохта). Магистрира во 1993 година во Скопје, а од 1980-1995 година е соло кларинетист во Македонската филхармонија. Истовремено е член на Биг Бендот на МРТ, а од 2002 година е постојан член на групата на Горан Бреговиќ. Низ годините бележи бројни настапи со рецитали, а како солист настапува со повеќе македонски и странски оркестри. Соработува со значајни диригентски имиња, а член е и на разни камерни ансамбли. Денес, Стојан Димов е еден од најактивните македонски музичари со настапи низ целиот свет.
Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршка филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен оркестар на ФМУ, Македонска Опера и Балет, Камерен оркестар на Музичка младина на Македонија. Со рецитали настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои: „Ватрослав Лисински“ – Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж фестивал“ во Франција, Охридско лето, Скопско лето, Интерфест – Битола и др. Добитник е на голем број награди и признанија. Имери бележи и бројни домашни и меѓународни дискографски изданија, а од Декември 2018 г. се стекнува со звање доцент и предава на факултетот за Музичка уметност во Скопје повеќе предмети од областа на пијано, камерна музика, корепетиција и пијано во контекст.
Ракометарите на Охрид во рамки на 18-то коло од Супер лигата во четврток гостуваат во Радовиш Иако Радовиш е екипа без победа до сега, ние влегуваме максимално во натпреварот и се надеваме дека со ...
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.