На 1 Јуни, сабота, познатиот џез-музичар, композитор и гитарист со светска кариера, охриѓанецот Владимир Четкар ќе настапи во Детроит во Аретас Џез Клуб во историскиот Детроит Мјузик Хол, додека на 2 Јуни, недела, Четкар патува за Кливленд каде ќе одржи концерт во Боп Стоп , водечкиот џез клуб во Охајо.

Во Детроит Четкар се враќа по четврти пат, додека во Кливленд ова ќе му биде трет концерт во неговата кариера. Пред тамошната публика македонскиот џез-соул-фанк артист концертно ќе го промовира својот нов албум Going Home, а ќе биде придружуван од американски музичари.

Концертната промоција на новиот албум пред македонската публика Четкар ќе ја одржи во Јули.

OhridNews