Концертот на една од најголемите италијански ѕвезди и еден од најдобрите европски вокали ZUCCHERO, што ќе се одржи утре во Охрид, 25 јули, првично беше најавен дека ќе се одржи Античкиот театар, но поради лошите временски услови се преместува на друга локација.
- Во договор со менаџментот на ZUCCHERO, се одлучивме концертот да го префрлиме во спортската сала „Билјанини извори”. Причина за тоа е дека во консултација со УХМР и според сите релевантни веб страници за временска прогноза, најавено е дека во периодот што следи нè очекуваат перманентни ветрови, дождови и грмежи во Охрид. Поради местоположбата на Античкиот театар, сите најавени временски услови прават огромен безбедносен проблем, велат од Авалон.
Додаваат дека комплетната нумерација на билетите од Антички театар се префрла во СЦ „Билјанини извори” и сите што имаат купено карти за Антички, ќе им важат за новата локација со истата нумерација.
Сите оние што сакаат да го гледаат ZUCCHERO, а не набавиле влезници, се известуваат дека од утре во продажба ќе бидат пуштени дополнителни 200 билети.
OhridNews












