Концерт на класична музика со хармоникашите Христијана Матеска и Филип Трајковски во Охрид
13.09.25 11:27
Kонцерт на класична музика во понеделник, 15 септември, ќе одржат хармоникашите Христијана Матеска и Филип Трајковски во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20 часот.
Матеска е родена во 2003 година во Охрид. Музичкото образование го почнува во ОМУ „Методи Патче“ под менторство на професорот Наум Џуклески. Под водство на професорот Љупчо Колевски, ја продлабочува својата страст и музичка посветеност. Средното образование го продолжува во Скопје, во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, во класа на професорката Зорица Каракутовска. Во моментов, Христијана е студентка на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Како солист и член на камерни состави, таа бележи значајни успеси на домашната и меѓународната сцена. Трикратен државен првак е во соло категорија, а заедно со Филип Трајковски го освои и првото место на државниот натпревар по кмерна музика. Добитник е на прво место на меѓународниот натпревар „Охрид, те сакам“ во соло категорија, како и во категоријата во камерна музика со Филип Трајковски. Исто така, е добитник на прво место на натпреварот по хармонија, што ја истакнува како музичар со комплетен и разновиден профил. Со Софија Мирческа беа прогласени за апсолутни победници во категоријата на класични ансамбли на „Italia Award“, а на Светскиот куп за хармоника 2023 година го освоија 7-то место, претставувајќи ја Македонија на светско ниво. Освен тоа, има забележано настапи како учесник на Австралиското меѓународно првенство и фестивал на хармоника…
Филип Трајковски учел хармоника кај професорот Бобан Спасенцовски. Напоредно со основното училиште на 6 годишна возраст го запишале во основно музичко училиште ДМБУЦ Илија Николовски – Луј каде посетувал настава за пијано а потоа за хармоника. Средното музичко училиште Илија Николовски – Луј го завршил под менторство на професорот Љупчо Колески, а студира на факултетот за музичка уметност во Љубљана под менторство на професорот Борут Загорански. Филип 4 години ја држи титулата државен првак по хармоника во Македонија. Годинава како македонски претставник освои 3 место на европскиот куп по хармоника кој се одржа во Бијелина – Босна и Херцеговина, Исто така, има освоено многу први места и специјални награди на меѓународни натпревари како што се: “Охрид те сакам”, “Арт ин” Кавадарци, “Сергеј Михајлов” Штип, “Polyhumnia” Скопје, “Акордеон Фест” Књажевац, Србија, “Дани Хармонике” во Бјелина, Босна и Херцеговина и други. Филип, исто така ја претставуваше Македонија на светското првенство за хармоника “Coupe Mondiale 2023” кое се одржа во Бјелина.
Матеска и Трајковски деновиве имаа успешен концерт во Националната галерија – Даут пашин – амам во Скопје.
На концертот во Охрид, тие ќе изведат дела од Бах, Војтенко, Вјуртнер, Анџелис и Зубитски. Влезот на концертот е слободен за сите љубители на класичната музика.
По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во...
ЈП „Охридски Комуналец” денес го одбележа својот патронен празник „7-ми Ноември” Пред присутните вработени, градоначланикот на општина Охрид Кирил Пецаков, пратеници во Собранието, дире...
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и си...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.