Jazz Inn

Од 02.06.2023 - 22:00 до 02.06.2023 - 00:00

Утревечер концерт на најновиот бенд на Ѓоле Максимовски, Максимовски Јунајтед во Џез Ин со почеток во 22 часот.

Се работи за авторска музика, во чие создавање Максимовски црпи инспирација од љубовта, фамилијата, луѓето и местата кои ги запознава во неколкудеценискиот музички поход како басист, музичар и автор во бендови како Сет (Seth), Кабадајас (Kabadayas), Архангел, Влатко Стефановски Трио итн.

Новата музика на Максимовски Јунајтед е во претпремиерна фаза, со работен наслов Холимуд (Holymood) и е фузија на worldmusic, електрофанк, џез, традиционална музика итн. Бендот веќе гостува на фестивали и клубови земјата и регионот.

Во Џез Ин бендот ќе настапи во состав: Ѓоле Максимовски – бас, Александар Никодиновски – клавијатури и Александар Ванчовски – тапани.

OhridNews