Еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската музичка сцена, Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен концерт на 8 август, во неповторливиот амбиент на Античкиот театар во Охрид. Овој настан, организиран од Прагма продукција, е уште една потврда за исклучителната уметничка тежина што Јаневски ја носи со себе речиси три децении.

Владо Јаневски ќе настапи на сцена под отворено небо, пред публика која го следи и сака со генерации. Античкиот театар, со својата специфична атмосфера, ќе биде идеалната сценографија за едно вечерно музичко патување низ безвременските хитови на овој врвен уметник.
Концертот на 8 август, ќе ве потсети на моменти кои сте ги мислеле заборавени, ќе ве натера да се сетите кого сте сакале, кого сте изгубиле, и зошто љубовта секогаш останува најважната животна лекција.
Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.
OhridNews











