„Maksimovski United” во мај 2026 година го објави новиот албум „Holymood”, авторски проект на басистот Ѓоле Максимовски.

Албумот носи мешавина од џез, хип-хоп, фанк и традиционални влијанија, а концертната промоција на истиот ќе се случи вечерва во клубот Џез Ин.

Покрај Максимовски, квартетот во Џез Ин доаѓа во состав: Александар Никодиновски – клавијатури, Филип Димишковски – клавијатури и Дино Милосављевиќ – тапани.

OhridNews