Jazz Inn

Од 30.09.2026 - 21:00 до 30.09.2026 - 00:00

Џез Ин со големо задоволство ги најавува великаните на македонската џез сцена – Sethstat.

Скопскиот бенд Sethstat е еден од најзначајните и најдолговечни џез состави на македонската сцена. Формирани во сега веќе далечната 1990 година, прво под името Seth, а подоцна и со денешното име, зад себе имаат сериозна балканска и европска концеретна историја, со настапи кои ги издвојуваме во Сараево, Загреб (Jazz Fair ‘94, KSET ’11 и ‘16), Сплит, Хвар, Церкно (Jazz Fest ’04) Будимпешта, Белград (Belef ’05, Umbria Jazz Balcanic Windows ‘09), Нови Сад (EXIT ’05, Novosadski Jazz Festival ‘12), Ниш (Nisville Jazz Festival ’10), Љубљана (Kino Shishka ’10), Охрид (Аларм фестивал ’10), Софија (Alarma Punk Jazz ’11), Пловдив (Plovdiv Jazz Night ’12, во иста вечер со легендарниот Bill Evans) како и на отворањето на 30 годишнинана на реномираниот Скопје Џез Фестивал (SJF ‘11).

Најинтересно кај нив е што тешко може да се сврстат во една тесна жанровска категорија, затоа што нивната музика меша современ и free џез, фанк и фјужн, како и елементи на панк, но и традиционални ритми испреплетени со импровизација и експериментирање.

Зад себе имаат девет студиски и два албуми снимени во живо (“Seth Makes Sense” 1993, “Within Yourself” 1996, “Sethstat” 2000, “Rolling Garage” 2004, “Кораб” 2011, “Petite Cinamatique” 2014, “Се плашам од Македонци” 2015, “IX9” 2019, “Доцен Час – Live at Kino Frosina MKC” 2020, “Соба 107” 2022 и “White Night – Live at PMGRF11” 2022) а во 2027 се очекува и ново издание.

Токму настапите во живо се важен дел од нивниот идентитет. Нивната музика често е изградена така што композицијата служи како рамка за импровизација, интеракција меѓу Владан, Васко, Панче, Павел и Гоце со прилично непредвидлив развој.

Sethstat ја поврзува старата скопска алтернативна џез сцена со современата македонска импровизациска сцена и не претставуваат само класичен џез бенд, туку долгорочна музичка лабараторија.

Џез Ин ги отвора вратите за посетителите во 21:00 часот на 30-ти септември. Резервација на карти на бројот 078/201-491 по цена од 400 денари.

OhridNews