По долги преговори и превирања во Македонската кошаркарска федерација (МКФ) дефинирани се бројот на екипи и сите учесници во новата сезона во Првата кошаркарска лига.

Во регуларниот дел од Првата лига ќе се натпреваруваат 12 екипи, а на десетте кои минатата сезона обезбедија опстанок или пласман ќе им се придружат Шкупи и битолски Пелистер.

Новата сезона во елитата ќе ја започне и кошаркарскиот клуб АВ Охрид, кој само што се врати од подготовките во Хрватска.

Куќата на кошарката почеток на новата сезона најави викендов кој доаѓа, а ждрепка за двојките би требало да се одржи во среда.

OhridNews