Пратеничката од Охрид Анита Кипаризоска- Крстеска објаснува дека донесувањето на законот ќе значи дека во иднина управувањето со старото градско јадро ќе го вршат од една страна, во име на Република Македонија, Завод и музеј- Охрид и од друга страна, во име на Локалната самоуправа, градоначлникот Александар Петрески.
– Очекувам дека со донесувањена овој Закон во голема мера ќе се спречи урбаниот хаос во стариот дел од градот, изјави Кипаризоска Крстеска, еден од пратениците- иницијатори за донесувањето на законот.
Во наредниот период се очекува да биде донесен план за интегрирана заштита на старото градско јадро за период од пет години, чија реализацијаќе ја контролира надзорен одбор составен од претставници од соодветните надлежни институции од централно и локално ниво.