Во рамки на подготовките за вежбата „Северна Македонија 2021“ што во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (ЕАДРЦЦ) ќе се одржи во септември годинава на подрачјето на Охрид и Струга, денеска ќе се одржи финална планирачка конференција во Охрид.

Инаку, како што стои во соопштението од ЦУК, подготовките вклучуваат посета на НАТО главниот планирачки тим и истовремено реализација на Финалната планирачка конференција за претстојната вежба. Настанот е во коорганизација на NATO ЕАДРЦЦ и Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во подготовките и Финалната планирачка конференција учествуваат претставници на повеќе институции од Системот за управување со кризи и членови на НАТО главниот планирачки тим.
OhridNews











