Во рамки на проектот МАПСИ – Македонска активна платформа за социјална инклузија, кој го имплементира Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и партнерската организација Македонско женско лоби од Скопје, а во организација на локалните координатори – Здружението Локална агенција за развој од Струга ја одржа Локалната конференција за социјална инклузија на млади и жени.
Проектот МАПСИ е финансиран од четвртата ИПА компонента за развој на човечки ресурси од страна на ЕУ. Предвидено е 18 општини да креираат локални стратегии за социјална инклузија на млади и жени заедно со сите локални чинители.
Целта на оваа локалната конференција беше да се соберат сите претставници на локално ниво, преставници на институции, граѓански организации кои работат со целни групи жени и млади и истите учествуваат во формирањето на Локалната активна платформа за социјална инклузија на општина Струга – ЛАПСИ. Конференцијата ја претставуваше почетна точка за континуирана работа, креирање на база за понатамошна соработка и развој на дијалог, по што Локалната платформа за социјална инклузија ќе работи на подготовка на стратегија за социјална инклузија на жените и младите – ЛАПСИ од општина Струга.
На првиот дел од конференцијата се дискутираше за матрицата за мониторинг создадена од Институт Охрид како и за улогата на Комисијата за еднакви можности и Комисијата за млади во Општина Струга во однос на социјалната инклузија на маргинализирани групи. “Во општина Струга, како резултат на вмрежување на локалните чинители во Локалната активна платформа за социјална инклузија – ЛАПСИ, заедно ќе допринесеме кон креирање на стратегија која ќе ја одсликува реалноста и која преку соодветни мерки ќе ги реши приоритетните проблеми и ќе го намали социјалниот јаз на младите и жените од општина Струга”, изјави Кристина Всаилевска, локален координатор на МАПСИ.
Вториот дел од конференцијата беше посветен на конкретните чекори кои ќе ги дадат насоките врз основа на кои ќе биде изработена локалната стратегија за социјална инклузија на жените и младите во општина Струга. Заклучено е дека преку градење на локалната активна платформа за социјална инклузија на општина Струга и континуираната соработка помеѓу институциите и организациите кои работат со млади и жени, а делуваат на територијата на Струга, ќе се допринесе кон заедничко решавање на конкретни локални проблеми кои ги засегаат овие две целни групи.
OhridNews