Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) од Тетово, во соработка и со поддршка на Советот на Европа, на 8-ми јули 2014 година во Охрид, ќе организира еднодневна конференција чија што цел е размена на мислења и искуства за користење на социјалните медиуми за информирање на граѓаните и како може тие да помогнат за учество во процесите на одлучување на локално ниво.
Конференцијата се организира во продолжение на обуката за медиумска писменост наменета за претставници на граѓански организации и новинари од Република Македонија која се организира од 5-ти до 7-ми јули 2014 година.
На оваа конференција се очекува да присуствуваат претставници на здруженија на граѓани, како и млади новинари кои работат или соработуваат со електронски и печатени медиуми.
OhridNews