Денес, во хотел Метропол, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски свечено ќе ја отвори Седмата Конференција за одржлив развој на енергетските, водните и системите за животна средина, поддржана од УНЕСКО и во локална организација на Македонската академија на науките и уметности.

Конференцијата е посветена на унапредување и дисеминација на знаењата за методите, политиките и технологиите за постигнување одржливост во развојот, а со свои научни трудови ќе учествуваат научници од целиот свет.

OhridNews