
Конгресот, кој ќе се одржи во хотел Метропол, ќе го отвори министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми.
Учество на конгресот најавиле повеќе од 270 научни работници и гости од државата и од странство (Турција, Норвешка, Швајцарија, Германија, Италија, Грција, Албанија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора, Косово) со вкупно 183 научни трудови од областа на екологијата и заштитата на животната средина.
Организатор на конгресот е Македонското еколошко друштво кое воедно ќе ја одбележи 40 годишнината од своето постоење.












