Свиркачот од Македонија ни обезбеди некои вознемирувачки информации дека амбасадата во Скопје поддржувала крајно левичарски веб сајтови и невладини организации кои заземале страна на изборите и затоа тие обвинувања треба целосно да бидат истражени, вели американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит, во интервју за Радио Слободна Европа во кое додава дека има поплаки и од други држави земји, но го шокира сознанието дека инфромациите ги добиваат преку WikiLeaks, пренесува „Макфакс“.

Американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека побарал Конгресот да ја истражи улогата на американската амбсада во земјава предводена од амбасадорот Џес Бејли, откако кредибилен извор од Македонија му предочил оти амбасадата поддржувала левичарски медиуми и невладини организации кои, според него, заземале страна на изминативе избори. „Ако немало проблем, јас ќе речам алелуја, но тоа мора да биде истражено“, вели тој.

Смит неодамна побара истрага во Конгресот за политизирањето на улогата на американската амбасада во Скопје и на амбасадорот Џес Бејли. На прашањето дали САД треба да продолжат со поддршката за работата на СЈО, тој вели дека истрагата за наводни злоупотреби треба да биде агресивна и без агенда.

„Мислам дека односите меѓу двете земји се одлични и дека секогаш можат да бидат подобрени и што повеќе соработуваме и работиме врз подрачјата од заемен интерес, тоа е подобро. Бев во Македонија на двапати. Првпат бев во Стенковец кога имаше многубројни бегалци од соседно Косово, а бев и во Скопје со висока делегација. Знаете, јас работам врз проблематиката на трговија со луѓе и со македонските лидери. Јас сум автор на американски закони за борба против ова модерно ропство. Секогаш треба да гледаме како да ги подобриме и засилиме односите, иако мислам дека имаме многу блиски односи и тоа е многу важно“, вели Смит за односите меѓу двете Македонија и САД.

На прашањето како се информира за состојбите во земјата, Смит вели дека „има многу извори“. „Секако, јас разговарам со луѓето во американскиот Стејт департмент, зборувам со невладини организации кои ја следат состојбата со слободата на медиумите, читам различни извештаи и од Associated Press. Се обидувам да сум информиран во секоја смисла. Јас, исто така, сум шеф на американската делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ и се обидувам најдобро што можам, јас и моите колеги да бидеме информирани. Секако, има многу земји во светот, но ние се обидуваме да останеме што е можно подобро информирани. Очигледно заедничката одбрана е една од најголемите подрачја на загриженост и ние се обидуваме да бидеме добро запознаени“, додава.

Либертас: Ѓорчев бил изворот на конгресменот Смит за истрага на работата на амбасадорот Бејли

Ппорталот Либертас повикувајќи се на свои дипломатски извори објави дека кредибилниот извор односно конекцијата на конгресменот Смит со врвот на ВМРО-ДПМНЕ е пратеникот од оваа партија Влатко Ѓорчев. Наводно тој ја искористил блискоста на конгресменот Смит со таткото на неговата сопруга која е Американка.

OhridNews
извор: „Макфакс“