Од просторот на некогашниот Градски полигон за мали спортови, од општинската ВМРО- ДПМНЕ на прес конференција запрашаа зошто и покрај ветувањата на градоначалникот, дадени во 2008 година, не е изграден најавениот современ Конгресен центар.



Согласно деталниот урбанистички план сеуште на ова место треба да се изгради најавуваниот модерен Конгресен центар. Но, знаејќи ги манипулациите на Петрески не би не зачудило ако  со овој простор се калкулира и на него се сака да никнат станбени згради и објекти. Охрид има Градоначалник на кој никој веќе не му верува, па затоа не веруваме ниту на тоа дека ќе ги одржи ветувањето, ниту пак дека ќе го почитува планот за овој простор знаејќи ја неговата лакомост за изградба на станбени згради, изјави претседателот на Комисијата за урбанизам при ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Горан Патчев.


Градоначалникот Петрески со експресна реакција на обвинувањата од општинската ВМРО- ДПМНЕ . Половина час подоцна од истата локација изјави- наместо ВМРО- ДПМНЕ да одговорат зошто кога беа на власт во Охрид овој полигон од општински стана приватна сопственост, тие напаѓаат.

Во интерес на граѓаните ќе објаснам дека според урбанистичкиот план на ова место е предвиден Конгресен центар и ова не е мое ветување, туку на сопственикот на оваа парцела, ГП Гранит кое може да гради она што е предвидено со урбанистичкиот план. Кога тоа ќе го направи сопственикот, зависи од него, рече градоначалникот. 

OhridNews