Претставници на Одделението за заштита на животна средина и општинскиот инспекторат денеска остварија средба со претставници на белгиската фирма Акустик технолоџи, во врска со изработката на стратешки карти за бучава и набавка на софистицирана опрема за мерење на бучавата.


 
Од страна на претставниците на белгиската компанија беа презентирани можностите и светските искуства и достигнувања за решавање на проблемот со бучавата. Присутна беше и претставничка од Република Бугарија, од Министерството за животна средина, која истакна дека учествувала во транспонирањето на ЕУ директивите од областа на бучавата во нивното законодавство. Таа ги пренесе своите искуства од изработката на стратешки карти за бучава за градот Варна и понуди помош и соработка во оваа област. Гостите заеднички истакнаа дека Општина Охрид е прва општина во Македонија која има изработено Акционен план за управување со бучавата,  кој многу позитивно го оценија, како и прва општина со која воспоставуваат конкретна соработка.

Договорено е соработката да продолжи преку реализација на конкретни проекти, односно набавка на статички мерачи на бучава кои ќе бидат поставени на повеќе локаци на  територијата на општина Охрид.

OhridNews