И покрај тоа, како што вели директорот Секула Баткоски , во последните неколку години бројот на заинтересирани основци за запишување во ова училиште е се помал.
– Тоа, пред се сметам дека се должи на големиот број отворени средно угостителски туристички училишта во повеќе градови низ земјава. Сега веќе секој град има вакво училиште, но не сум сигурен дека во нив учениците можат да се обучат и стекнат образование како во нашето кое може да се пофали со долга традиција, со опремени кабинети, но и можност за постојана пракса, вели Баткоски.
Тој додава дека постојано, преку донации и учества во проекти се врши обновување и доопремување на кабинетите за работа, а во текот на последните неколку години се вработува и млад кадар со свежи и креативни идеи.
– Обновен е кабинетот за послужување со нов инвентар , направен е нов кабинет по готварство со услови за работа на кои можат да им позавидат и најсовремените хотели, додава директорот Баткоски.
Потенцира дека учениците кои средното образование го завршуваат во ова училиште не се обврзани да го продолжат образовнието на факултет за туризам, туку можат да се запишат во било која друга високообразовна установа.
Во новата учебна година, во прва година во ова училиште ќе можат да се запишат 306 ученици во 9 паралелки: -Угостителско-туристичка струка – 272 ученици, 8 паралелки и -Прехранбена струка – 34 ученици, 1 паралелка.