Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2018 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за: монтери на електрични инсталации, заварувачи и полски јазик.
Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија–Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица кои активно бараат работа, а за курсот за полски јазик можат да се пријават и лица вработени во туристичкиот сектор со оглед на зголемениот број на туристи од Полска.
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот. Заинтересираните лица повеќе информации можат да најдат на општинската интернет страна.
OhridNews












