Согласно одлуката за распишување на јавен конкурс за давање на концесија за организирање на рекреативен риболов на рибите од риболовните ревири и рекреативните зони од 27 декември 2011 година, министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство објави јавен конкурс за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов .

Предмет на огласот се рибите од рекреативните зони на Охридското,Преспанското и Дојранското Езеро и повеќе вештачки езера –акумулации на кои согласно риболовните основи е предвидено организирање на рекреативен риболов, како и риболовните ревири на сливовите на реките Вардар, Треска, Пчиња, Црна река, Брегалница, Струмица, Црн Дрим и сливот на Преспанското езеро.

Како што информираат од надлежното министерство, концесијата за организирање рекреативен риболов се дава за период од шест години .

OhridNews