По повод  Меѓународниот ден на мајката, 11 мај, Женски центар ,,БИСЕРА,, објавува награден конкурс  за литературни и ликовни детски творби  на тема „МАЈКА“, наменет за учениците од Основните училишта  од  Охрид. Конкурсот ќе трае до 7- ми мај 2012 година.

Литературните и ликовни детски творби, заинтересираните може да ги достават во канцеларијата на Женски центар „Бисера“ на  улица „Димитар Влахов“ бр.8, во време од 11 часот  до 13 часот, секој ден од понеделник до петок.

OhridNews