По повод Меѓународниот ден на мајката 15-ти мај, Женски центар „Бисера“, објавува награден конкурс за литературни и ликовни детски творби на тема „МАЈКА“ за основните училишта од Охрид и околината.
Литературните и ликовни детски творби да се достават во канцеларијата на психологот во ОУ „Григор Прличев“, каде ќе се одржи манифестацијата, секој работен ден од понеделник до петок.
Конкурсот ќе трае до 10-ти мај.
OhridNews












