По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид распиша Конкурс за најдобар расказ.
- Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.
- Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: За Конкурсот за расказ.
- Авторското право се докажува со четвртиот примерок.
- Краен рок за доставување на трудовите е 29.07.2025 г.
- Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 05.08.2025 г.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.
OhridNews