По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид распиша конкурс за најдобар расказ.
Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ. Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2019 година.
Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 08.08.2019 г.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.
OhridNews












